Начевски со список: За Македонија ќе играат и „бисери“ на Фенербахче, Партизан…

Репрезентацијата на Македонија до 16 години на почетокот на јуни во Зеница ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Босна и Херцеговина.

Првиот контролен дуел ќе биде одигран на 6. јуни со почеток во 17. часот. Вториот контролен меч на програма е на 8. јуни со почеток во 11. часот.

Селекторот на младата репрезентација на Македонија до 16 години, Драган Начевски за претстојните контролни натпревари со Босна и Херцеговина се одлучи да ги повика следните фудбалери:

ГОЛМАНИ:

Даријан Денковски – Шкендија

Ринор Цека – Шкендија

Амин Ауловиќ – Парк

ОДБРАНА:

Стефан Јордановски – А.П. Брера

Марко Иванов – Копер, Словенија

Анес Бајрами – Шкупи

Филип Цветковски – Вардар

Адријан Велески – ФФМ Академија

Тео Стојчевски – Вардар

СРЕДЕН РЕД:

Лука Кнежевиќ – Македонија Ѓ.П.

Бленди Љачка – Фенербахче, Турција

Сонер Ракипи – Шкендија

Марко Мирчевски – Охрид

Лука Георгиески – А.П. Брера

Александар Полимац – Партизан, Србија

Лука Лазаревски – Македонија Ѓ.П.

Иса Мустафа – Парк

НАПАД:

Ердин Мамути – Работнички

Фадиљ Исламовиќ – НК Загреб, Хрватска

Васко Папалиски – Парк

Јаков Стојковски – Падерборн, Германија

Антонио Сталески – А.П. Брера

Се вчитува...