Реал Мадрид и Борусија Дортмунд во сабота од 21 часот ќе го одиграат финалето на Лигата на шампионите на „Вембли.“
За капитенот на мадриѓаните Начо Фернандез тоа може да биде последен натпревар за мадридскиот тим, чиј дрес го носи од почетокот на кариерата и за кој одигра 363 натпревари, постигнувајќи 16 головои и десет асистенции.
Неговиот договор истекува на крајот од сезоната и се уште не се знае дали ќе го продолжи.
„Одлучив што ќе правам кога ќе заврши сезоната. Нема да кажам сега, не е вистинското време. Освоена ЛШ или ЕП, ништо што ќе се случи нема да ја промени мојата одлука“, изјави Начо кој се најде на списокот на шпанската репрезентација за ЕП.
Фернандез е икона на клубот и од оваа сезона капитен на Реал, со кој освои 25 трофеи, од кои пет во Лигата на шампионите, што значи дека победа над Борусија би му донело шеста европска титула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

