Над 80 проценти од Јапонците се против одржување на Олимписките игри

Останаа само десет недели до почетокот на Олимписките игри во Токио (23.07 – 8.08), а Јапонците се повеќе се скептични дека треба да се одржи овој настан. Најновите истражувања покажуваат дека над 80 проценти од Јапонците се за ново одложување или за целосно откажување на најголемиот спортски спектакл во светот. Причината е пандемијата на коронавирус, која се повеќе ја погодува најбогатата источноазиска земја.

Интересно е што и спортистите од Јапонија се против Игрите. 43 проценти од нив сакаат да бидат откажани, додека 40 проценти се за одложување додека не се подобри здравствената состојба во земјата. Има само 14% поддржувачи кои сакаат овој настан да се реализира по секоја цена.

И покрај зголемениот притисок, и организацискиот комитет и водачите на Меѓународниот олимписки комитет, засега, отфрлаат каква било можност за ново одложување.

„Секако, загриженоста е сè уште присутна, но никој не размислува за одложување или откажување на Олимписките игрите. Засега сè оди во насока дека ќе започне на 23 јули, како што беше планирано“, рече Сеико Хашимото, претседател на организациониот комитет.

Се вчитува...