Ерлинг Халанд неверојатната голгетерска форма ја продолжи и по доаѓањето на „Островот“. Норвежкото чудо одговори на скептицизамот кој владееше за неговото прилагодување во новата сезона со 19 гола во 12 настапи, а и покрај тоа што истото предизвика големо задоволство кај навивачите на „граѓаните“, останатите клубови започнаа онлајн петиција за негово бркање од Премиерлигата.
Истата е упатена до Владата на Велика Британија и од минута во минута добива се повеќе потписи со тоа што во моментот над два милион луѓе сакаат да го избркаат голгетерот бидејќи е робот. Шалата е јасна, но и добро укажува на тоа за каков играч станува збор.
— Out Of Context Football (@nocontextfooty) October 6, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА