Надал без борба до 3. коло, Гоф закажа меч со Осака на УС опен

Вториот носител на УС опен, Шпанецот Рафаел Надал без борба се пласираше во 3. коло, откако неговиот противник, Австралиецот Танаси Кокинакис поради повреда не се ни појави на централниот терен на последниот грен-слем во сезоната.

Популарниот Рафа во третата рунда за противник ќе го има Кореецот Чунг, кој по негатива од 0-2, успеа да го совлада Фернандо Вердаско.

Американската тин сензација Коко Гоф продолжува со одличните настапи и на УС опен. Таа во второто коло ја совлада Тимеа Бабош со 2-1, по сетови  6-2, 4-6 и 6-4. Во третото коло за противник ќе ја има првата носителка Наоми Осака која беше подобра од Линет од Полска.

Се вчитува...