Надал доби титула „Маркиз“ од шпанскиот крал

Шпанија знае да ги цени своите спортски великани, доказ за тоа е и последната одлука на кралот Филип Шести, да го одликува Рафаел Надал со титулата маркиз, како признание за големиот придонес за нацијата со своите неверојатни спортски резултати.

Надал лани ја заврши својата неверојатна тениска кариера, но во татковината не ги заборавија сите моменти на радост што тој ги донесе на нацијата, освојувајќи 22 титули на гранслем турнирите од кои неверојатни 14 само на Ролан Гарос.

Така, Рафа до крајот на животот ќе ја има титулата Маркиз на Левант де Мајорка, островото каде што е роден и каде што живее по завршувањето на кариерата.

Покрај Надал, титули „маркиз“ им беа врачени и на поп-рок ѕвездата Луз Касал и параолимписката пливачка Тереза Пералес.

„Тие се гордоста на Шпанија и постојана референтна точка за вредноста што треба да биде инспирација за нашето општество“, се вели во соопштението на кралската куќа.

Се вчитува...