„Надал е Леброн Џејмс, Федерер е Џордан, а Ѓоковиќ е Коби Брајант“

Италијанскиот тенисер Матео Беретини зборуваше за големата тројка во „белиот спорт“, а неговата анализа привлече внимание, споредувајќи ги Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер, со едни од најголемите кошаркари во историјата.

Матео прецизираше дека живееме во ера во која можеме само да посакаме да бидеме сведоци од неверојатните игри на најдобрите тројца тенисери во историјата.

„Надал е исклучително силен. Тој е тенискиот Леброн Џејмс. Јас би го споредил Федерер со Мајкл Џордан, додека Ѓоковиќ ме потсетува на Коби Брајант“, рече Беретини во интервју за „Ла Стампа“.

Новак, Рафа и Роџер, доминираат во светскиот тенис многу години, но Италијанецот верува дека во 2021 година ќе има многу понеизвесни „борби“.

„Ќе биде балансирано. Тие сè уште имаат мала предност кога се во прашање големите турнири, но другите тенисери се многу блиску до нив. Тим веќе ја „отклучи“ таа врата (го освои Отвореното првенство на САД), Медведев ме импресионираше и мислам дека може да биде следниот победник на Гран слемот “, додаде 10. рекет во светот.

За потсетување, првиот Гран слем годинава се игра во Австралија и започнува на 8 јануари. Ѓоковиќ ја брани титулата.

Се вчитува...