Второто коло на Олимписките игри во Париз ќе донесе спектакуларен тениски меч во кој силите ќе си ги одмерат ветераните Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ. За тенисерите кои одбележаа една ера тоа ќе биде јубилеен 60-ти дуел, а Шпанецот ќе има шанса да го изедначи меѓусебниот скор кој е во полза на Србинот со 30-29.
Надал го најави дуелот против Ѓоковиќ велејќи дека тоа ќе биде потполно различен меч отколку во минатото, но и покрај тоа ќе се обиде да му створи големи проблеми на Србинот.
„Играме во различна ситуација во однос на минатото. Претходно игравме во завршните фази на турнирите, се боревме за важни работи. Не знам на кое ниво можам да бидам.
Ќе се потрудам да му створам големи проблеми. Неизвесно е што ќе се случи, но ќе излезам на теренот со вистински став и доколку имам инспирација, ќе се потрудам тоа да биде посебна вечер. Тоа е меч кој едвај го чекам, но внимателен сум бидејќи не знам на кое ниво натпреварувачки можам да бидам. Уживам во ова искуство“, вели Надал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА