Рафаел Надал лесно стигна до своето 14-то четврфинале по ред на турнирот во Монте Карло, откако во два сета го победи Русинот Карен Качанов (6-3, 6-2).
Рускиот тенисер немаше сили за посилен отпор во дуелот со првиот светски рекет, па Надал релативно лесно стигна меѓу најдобрите осум. Шпанецот е во погод на 11 титула на престижниот турнир во Монте Карло.
Во четвртфиналето, Надал ќе игра против Доминик Тим кој направи сенационален резултат елиминирајќи го Новак Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА