Првиот светски рекет Рафаел Надал успешно го стартуваше настапот на гранслем турнирот Австралија Опен што се одржува во Мелбурн. Тој лесно го совлада Виктор Бургос Естрела од Доминиканската Република со 3-0 во сетови (6-1, 6-1, 6-1), а следен ривал ќе му биде Леонардо Милер од Аргентина.
Шпанецот му дозволи само еден гем на Естрела во првиот сет, а во идентичен ритам продолжи и во наредните два, и без проблеми се пласираше во следната рунда. Во следното коло се пласираа и Димитров, Чилиќ, Карловиќ, Троицки…
Во женска конкуренција се случија првите изненадувања. Американската тенисерка Слоун Стивенс, која е всушност актуелна шампионка на УС Опен, загуби од Кинеската Женг Шуаи, која славеше победа со 2-1 во сетови (2-6, 7-6, 6-2). 15-годишната Украинка, Марта Костјук, ја изненади 25.носителка Пенг и ја победи со 2-0 во сетови (6-2, 6-2).
Швајцарката Белинда Бенчиќ, пак, ја елиминира минатогодишната финалистка Венус Вилијамс, победувајќи ја со 2-0 во сетови (6-3, 7-5). Пласман во следната рунда обезбедија Остапенко, Бабош, Корне, Гергес, Бартел…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА