Надал: Федерер не е баш методичен и дисциплиниран

Стрикото на Рафаел Надал, Тони Надал во колумна за „Ел Паи“ вели дека Роџер Федерер не води сметка за исхраната и одморот на вистински начин.

„Минатата година имав можност да се дружам малку повеќе со менаџерот на Федерер и со неговата сопруга. Нивните деца, всушност, се дружат со моите па беа кај Рафа на академијата. Имав можност да разговарам со нив за Роџер Федерер и добив сосема спротивна слика за Швајцарецот од онаа што ја имав. Тој всушност воопшто не бил дисциплиниран и методичен играч. Не води сметка за диетите, за исхраната и за вистинскиот одмор“ – пишува Тони Надал и дополнува за неговите впечатоци за семејството на Роџер Федерер.
federer33
„Тоа што ми го кажа неговиот менаџер е дека за Роџер единствената работа во животот и негова опсесија, нешто за кое единствено мисли е тенисот. Ништо друго… Дури одвојувал наводно малку време за жената и децата. Но, јас искрено не верувам многу во тоа. Сепак, мислам дека е многу добар сопруг и татко“.

Се вчитува...