Првиот светски рекет, Рафаел Надал, повторно му забележа на неговиот најголем ривал, Роџер Федерер за „прескокнатите“ настапи на земјени терени. Иако, вели дека ја почитува оваа тактичка одлука на Швајцарецот, затоа што, како што вели, тоа му носи резултат.
„Го разбирам Федерер и неговиот став дека на земја е потребно да се вложи многу поголем напор, односно, неговата желба со пропуштање на сезоната на земја да ја сочува аурата на непобедивост која го краси на другите подлоги. Верувам дека токму тие два фактори го навеле да донесе таква одлука. Мораме тоа да го почитуваме, особено кога дава резултат.Во 2017 година тој беше совршен, па зошто би менувал нешто?“ – истакнува Надал.
Рафаел Надал и Роџер Федерер досега имаат одиграно 38 меѓусебни дуели во кариерата, Шпанецот има 23 победи, додека Швајцарецот на оваа подлога победил на 15 дуели.
„Одбегнува да игра со мене на земја“ – се шегува Надал.- „Игравме неколку пати овде во Мадрид, 2009, 2010, 2011… Мечевите против него секогаш се исклучително тешки, а во Мадрид посебно. Уникатно е чувството да се игра против најголемиот ривал и еден од најдобрите во историјата, додека те бодри домашната публика“
Рафаел Надал на Мастерсот во Мадрид влегува со титули од Монте Карло и од Барселона, со цел да ја освои 32.титула во Серијата 1000, но и шестиот трофеј во шпанската престолнина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА