Рафаел Надал е првиот тенисер кој се пласира во четвртфиналето од УС Опен, совладувајќи го украинскиот претставник, Александр Долгополов со резултат од -0(6-2, 6-4, 6-1). Светскиот рекет број 1. покажа слабост само на стартот од првиот и вториот сет, во останатиот дел од средбата, Шпанецот беше на ниво на задачата.
Долгополов поведе на со 1-0 при својот прв сервир на мечот, но од тогаш без одговор за расположениот Надал, кој со две брејк топки набрзо имаше водство од 4-2, а потоа му „украде“ уште еден сервис на Украинецот, па така Рафа стигна до предност од 6-2 по 33 минути игра во „Артур Еш“ арената.
Надал почувствува отпор од украинскиот тенисер на стартот од вториот сет. Беше неизвесно до самиот крај, и двајцата тенисери освојуваа гемови на свој сервис, се до петтиот на Долгополов, кога Надал ја искористи првата брејк топка, по која го освои сетот со 6-4.
Јасно беше дека 64. рангираниот тенисер нема сили за било какво изненадување во продолжението. Надал освои четири гема во серија за само 20 минути, а сетот го освои со предност од 6-1 во гемови откако ја искористи својата шеста меч топка, за конечен исход на средбата, 3-0(6-2, 6-4, 6-1).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА