Лидерот на АТП листата, Рафаел Надал, е во очекување на првиот дуел на Мастерсот во Торoнто. Тој почнува од вторoто коло во кое ќе се соочи со Французинот Беноа Пер.
Потенцијален дуел со големиот ривал, Новак Ѓоковиќ, Надал би имал дури во финалето на Роџерс купот. Вечната битка меѓу овие двајца тенисери е постојано во фокусот на вниманието, па Надал во пресрет на турнирот одговараше и на прашања zа враќањето кон врвот на српскиот тенисер.
„Тој го освои Вимблдон, не знам што може повеќе да се очекува, нема поголемо враќање од тоа“ – вели Надал.
По турнирот во Торoнто, тенисерите се селат на Мастерсот во Синсинати кој пак е последна станица пред УС Опен на кој се очекува повторно, првпат по 2015 година да се обедини големата четворка на светскиот тенис, Надал, Федерер, Ѓоковиќ и Мареј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА