По ревијалниот турнир во Абу Даби, Рафаел Надал го откажа и настапот во Бризбејн. Причина за двете откажувања по ред се проблемите што ги има Шпанецот со повредата на коленото.
Турнирот во Бризбејн за првиот светски рекет требаше да биде генерална проба пред Австралија Опен што го доведува во прашање и неговиот настап во Мелбурн.
„Се уште не сум подготвен после долгата ланска сезона и касниот почеток на подготовките“ – изјави Надал.
На своите навивачи во Австралија, Шпанецот им порача дека ќе се видат на 4 јануари кога ќе пристигне во Мелбурн и ќе ги почне подготовките за првиот гран-слем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА