Рафаел Надал одигра извонредно во Торонто и заслужено се закити со трофејот, но серијата тешки натпревари го натера Шпанецот да земе одмор во пресрет на УС Опен. Имено, првиот носител обелодени дека нема да насапи на Мастерс-турнирот што стартува денеска во Синсинати, за да биде одморен за последниот гранслем за оваа година.
„Жалам што морам да соопштам дека нема да играм во Синсинати оваа година. Причината е грижата за моето тело, да остане свежо и здраво и не сакам да дојде до голем замор во пресрет на УС Опен“ – истакна Надал.
Шпанецот со успехот во Торонто уште повеќе се зацврсти на чело на АТП-листата пред Роџер Федерер. На третото место сега се наоѓа Дел Потро, кој го прескокна Алекс Зверев, зад кого следат Димитров, Андерсон, Чилиќ, Тим, Иснер и Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА