Надал го победи Циципас – Вечер ќе навива за Медведев

Рафаел Надал го совлада Стефанос Циципас со 2-1 по сетови (6-7, 6-4 и 7-5) во третото коло од завршниот мастерс во Лондон.

По долга и израмнета борба првиот сет во тај-брејк (7-4) му припадна на младиот грчки тенисер. Во вториот сет клучниот момент се случи во деветиот гејм кога Надал успеа да стигне до брејк и да поведе со 5-4. Сигурно го доби следниот гејм на свој сервис и го доби сетот со 6-4, носејќи го мечот во одлучувачкиот трет сет. Во одлучувачкиот сет на Надал повторно му беше доволен еден брејк за победа од 7-5.

Сепак, доколку сака да игра во полуфиналето на Мастерсот во Лондон, во вториот меч од последното коло во групата вечер ќе мора Данил Медведев да го совлада Александар Зверев.

 

Се вчитува...