Првиот светски рекет, Рафаел Надал минатата недела ја освои својат 11.титула на Мастерсот во Монте Карло, што е негов рекорден 31.турнир од Серијата 1000. Шпанецот со овој триумф го урна рекордот на Новак Ѓоковиќ кој има една Мастерс титула помалку, но се изедначи со Србинот по бројот на „големите“ титули во кариерата.
Надал покрај 31.мастерси има и 16. гран-слем титули, а Ѓоковиќ има четири трофеи помалку од гран-слем серијата.
„Знам дека нема да биде вака засекогаш, затоа настојувам максимално да уживам, да играм со страст, потполноконцентриран. Со многу љубов кон спортот. Знам за помалку од една деценија ќе дојде крајот на сето ова. Не е тоа нешто што ме загрижува, туку реалност што секој мора да ја прифати. Се трудам да уживам во секој ден и да играм тенис со насмевка“ – вели Рафаел Надал.
На првото место на вечната листа и понатаму неприкосновен е Роџер Федерер со 53 големи титули од кои 20 гран-слем, 27.мастерс титули и шест титули од завршниот Мастерс.
Листата на најдобрите пет тенисери во историјата на белиот спорт ја комплетираат Пит Сампрас со 30 трофеи и Андре Агаси со 26.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА