Рафаел Надал нема да биде дел од турнирот во Базел, се со цел да го добие неопходниот одмор пред предизвиците што ќе го очекуваат на завршните турнири за оваа година. Шпанскиот ас играше на тврда подлога во 10 од последните 13 дена, па по враќањето од Шангај во Шпанија и консултациите со лекарите реши да не патува за Швајцарија.
„За жал морам да објавам дека нема да можам да настапам на турнирот во Базел. По средбата со лекарите ми беше дадено до знаење дека веќе ги имам преоптоварено колената од последните настапи, па сега ќе морам да одморам“ – изјави Надал.
Тој речиси сигурно ќе настапи на Мастерс-турнирот што ќе стартува во Париз на 30 октомври, кој важи за увертира за финалниот АТП Турнир во Лондон (од 12 до 19 ноември).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА