Надал го пропушта и Мајами, ќе се подготвува за сезоната на земја

Вториот тенисер во светот, Рфаел Надал планирада се врати на терените на Мастерсот во Монте Карло закажан за средината на април. Тој со големо разочарување се повлече од полуфиналната пресметка со Роџер Федерер во индијан Велс, а соопшти дека нема да се појави ниту на Мастерсот во Мајами.

„Понекогаш многу тешко го прифаќам ова. Проблеми со коленто имам речиси цела кариера. Затоа понекогаш сум тажен бидејќи мислам дека тоа ми е хнедикеп во однос на останатите тенисери. Од друга страна, доживеав многу убави момент и тоа ми дава сила да издржам. Ќе направам се што едо мене“ – рече Надал.

Шпанецот со коленото имаше проблеми и минатата сезона, па реши да се повлече од полуфиналето на УС Опен со Хуан Мартин Дел Потро. Потоа во немвримораше да операција на глуждот. во оваа сезона играше во финалето на Австралија Опен каде загуби од Новак Ѓоковиќ.

 

 

Се вчитува...