Мајорка се врати во Ла Лига придружувајќи им се на Осасуна и на Гранада меѓу клубовите што повторно се во елитата на шпанскиот фудбал. Во реванш-мечот од финалењто на разигрувањето за влез во Примера, Мајорка триумфираше со 3-0 против Депортиво Ла Коруња надополнувајќи два гола негатива од првиот дуел и по шест години пауза повторно ќе биде дел од елитното друштво.
Од ВИП ложата овој дуел го следеше и Рафаел Надал, кој од мали нозе навива за Мајорка, иако е познато дека е голем фан и на Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА