Рафаел Надал во пет сета го „реши“ бугарскиот тенисер Григор Димитров во полуфиналето на Австралија опен, на тој начин по цели девет години повторно обезбедувајќи си финале во Мелбурн со Роџер Федерер.
Надал во полуфиналната пресметка, по пет часа игра, славеше со 6-3,5-7,7-6,6-7,6-4, стигнувајќи до своето 21-во Грандслем финале.
Димитров се обидуваше да дојде до своето прво Грандслем финале, но не успеа во тоа. Шпанецот во деветтиот меѓусебен меч со Димитров стигна и до осмата победа.
Рафаел Надал и Роџер Федерер по шест години повторно ќе се сретнат во едно Грандслем финале. Последен пат во битка за титула се најдоа во 2011 година. Ова ќе биде, пак, повторување на последната нивна финална пресметка во Австралија од 2008 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА