Рафаел Надал е првиот финалист на Мастерс-турнирот во Пекинг, откако во полуфиналната пресметка шпанскиот тенисер беше подобар од Григор Димитров со 2-1 во сетови.
Првиот светски рекет одигра импресивно, го диктираше темпото во поголемиот дел од мечот и во третиот сет конечно го скрши отпорот на Димитров, кој беше на висина на задачата, но не успеа да го земе скалпот на големиот фаворит.
Надал беше подобар од самиот почеток и поведе со 6-3, а потоа на стартот од вториот сет повторно стигна до брејк. Димитров покажа карактер и направи целосен пресврт во вториот сет добивајќи го со 4-6, но Надал не дозволи целосен камбек на противникот, доминирајќи во решавачките моменти за конечни 6-1.
Рафаел Надал за противник во финалето ќе го има подобриот од дуелот Зверев – Киргиос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА