Вториот тенисер во светот и сопственик на рекордни 22. гранд-слем титули, Рафаел Надал ќе го брани пехарот освоен на Австралија опен минатата година. За разлика од пред 365 дена, меѓу учесниците ќе биде и Новак Ѓоковиќ, кој лани не смееше да се бори за трофејот. Србинот девет пати славеше во Мелбурн.
Надал вели и покрај враќањето на Србинот, дека тој не е толку голем фаворит за освојување на трофејот.
„Јасно е дека некој кој славел девет пати во Мелбурн е во потесниот круг на претенденти за титулата. Сепак, не би рекол дека Ѓоковиќ е јасен фаворит. Има многу тенисери кои можат да одат до самиот крај. Моите цели се секогаш највисоки. Сакам да бидам конкурентен на секој турнир на кој ќе се појавам“, вели Надал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

