Рафаел Надал и Кевин Андерсон ќе ги одмерат силите во утрешното финале на УС Опен, откако овие двајца тенисери излегоа како победници од синоќешните полуфинални пресметки. Надал одигра фантастичен меч против Хуан Мартин дел Потро, успевајќи да триумфира со 3-1 во сетови. Аргентинецот во минатото коло го изненади Роџер Федерер, но овојпат немаше сили за нова сензација. Дел Потро го доби првиот сет со 4-6, но потоа Надал влезе во својот препознатлив ритам, го збриша Аргентинецот со 6-0 во вториот сет, за да ги добие и следните два со 6-3, 6-2 за пласман во финалето и атак на 16. гранслем титула.
„Во првиот сет играв премногу предвидливо. Ја променив стратегијата откако противникот поведе и тоа беше клучен фактор за оваа победа“ – изјави Надал.
Тој во финалето ќе се сретне со Кевин Андерсон, кој триумфираше над Шпанецот Карено Буста. Идентично како Надал, и Андерсон се соочи со негатива од 0-1 по првиот сет, но потоа заигра многу подобро и со пресврт стигна до своето прво гранслем финале во кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА