Надал и Ѓоковиќ експресно до третото коло на Вимблдон

Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ продолжуваат со одличните игри на Вимблдон, откако поранешните шампиони без многу мака во три сета обезбедија пласман во третото коло.

Надал за ривал го имаше Кукушкин, кој немаше сили да го запре налетот на првиот носител. Шпанецот експресно поведе со 3-0, ривалот израмни на 3-3, но потоа Надал ја презеде контролата и го доби сетот со 6-4. Вториот сет заврши во корист на Надал од 6-3, во раната фаза од третиот сет Кукушкин направи брејк, но Надал експресно стигна до пресврт и конечни 6-4, за местото во третата рунда каде ќе се сретне со Де Минаур од Австралија.

Новак Ѓоковиќ делуваше импресивно против Хорацио Себалјос, совладувајќи го со 6-1, 6-2, 6-3, за јубилејна 60. победа на српскиот тенисер на Вимблдон. Тој во следното коло за противник ќе го има победникот од мечот Едмунд – Клан.

Се вчитува...