Надал и Ѓоковиќ веќе обезбедија пласман во Лондон

Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал веќе обезбедија учество на завршниот турнир од сезоната во Лондон. Освојувачот на титулата на Вимблдон и прв тенисер во светот, Ѓоковиќ во текот на ова година собра 6725 бода и е лидер во трката за Лондон. Тој годинава триумфираше и на Австралија Опен и на Мастерсот во Мадрид. 6225 бода има второпласираниот Надал кој со пласманот во четвртфиналето на Вимблдон си го обезбеди учеството во Лондон.

Шпанецот сезонава триумфираше на Ролан Гарос и на Мастерсот во Рим. Ѓоковиќ досега има шест титули од Лондон, Надал нема ниту една.

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...