Рафаел Надал долго ќе го држи приматот според бројот на титули на Ролан Гарос. Ја освои 12-та откако во финалето го победи Домин Тим со 3-1 во сетови. За 18-от трофеј од грен-слем турнирите, шпанскиот тениср загуби само два сета во две седмици, едниот во денешното финале. Тој го доби воведниот сет со 6-3, Тим успеа да му го одземе вториот со 7-5, но потоа следуваше бурата и Надал ги освои следните два сета дозволувајќи му на Австриецот само по еден гем.
Надал останува непоразен во сите финалиња на кои се појавил на Ролан Гарос, на овој турнир има 14 настапи. Титулата нема да му промени многу во АТП ранкингот, останува на втората позиција, но со намалена негатива зад Новак Ѓоковиќ. Доминик Тим кој е само вториот тенисер кој има повеќе од една победа над Надал на земејен терен по Ѓоковиќ останува да го чека првиот грен-слем триумф во кариерата. Тој и натаму ќе биде тенисер број четири на листата објавена в понеделник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА