Рафаел Надал на прес-конференцијата во родната Мајорка не ги штедеше критиките кон новинарите за односот кон Новак Ѓоковиќ изминатава година…
„Роџер го освои Австралија опен, Новак го освои Вимблдон а јас пак Ролан Гарос. Сите тројца играме на едно високо ниво, иако вие пред само два месеци зборувавте дека Ѓоковиќ е катастрофален, очаен… Јас секако не мислев така, а сето тоа зборува колку овој спорт е непредвидлив“ – истакна Надал кој загуби на Вимблдон од Ѓоковиќ во нов епски меѓусебен дуел.
„Во оваа фаза од мојата кариера најважно ми е да имам можност да се натпреварувам без никакви проблеми, но и да уживам настапувајќи на највисоко нив – што е секако нешто што ме прави среќен“.
За крај, новинарите ги интересираше како е можно тројца тенисери во четвртата деценија од животот (Новак – 31, Рафа – 32 и Роџер – 36) и натаму да доминираат во светскиот тенис.
„Тоа е нешто несекојдневно, кое го нема во историјата во ниту еден друг спорт. Се наоѓаме на врвот долги години, а тоа може да се објасни на два начини – или ние сме така посебни, или овие кои доаѓаат по нас не се. Јас лично не знам што е на средина од сето тоа, тоа е и на вас да анализирате, да процените. Но, исто така свесен сум дека сето тоа ќе се промени еден ден затоа што веќе не стигнуваат годините“ – вели Рафа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА