Надал конечно призна: Бројките не лажат, Новак е најголемиот во историјата

Рафаел Надал во последните месеци во неколку ситуации даваше изјави во кои го „пецкаше“ Новак Ѓоковиќ поради неговата опсесија за победи и трофеи.

Шпанецот во своето последно интервју сепак призна дека на Ѓоковиќ треба да се гледа како на најдобар тенисер на сите времиња, со оглед на бројните рекорди што Србинот ги урна во овој период.

„Кога почнував, Роџер Федерер беше во најдобрите години. Многу си помогнавме еден на друг, но и си одзедовме еден на друг. Истото беше случај и со Новак, сите тројца имавме јасна цел, се теравме да напредуваме, да освојуваме што повеќе трофеи“, го почна Надал разговорот на оваа тема.

Потоа, Шпанецот се осврна и на карактерот на Новак Ѓоковиќ, бранејќи го од критичарите.

„Имиџот што го гледате на ТВ е многу полош од вистинскиот Новак. Можам да кажам дека Ѓоковиќ е добра лично, со одредени грешки како и секој од нас. Сепак, повторувам, тој е многу подобар од она што можете да го видите на неговие мечеви на ТВ.Да, знае да скрши рекет, но потоа во следниот поен ќе одигра перфектен удар. Затоа и постигна најмногу во нашиот спорт. Бројките не лажат, Новак е најголемиот во историјата“, прокоментира Рафаел Надал.

Се вчитува...