Лидерот на АТП листата, Рафаел Надал кој денеска против Доминк Тим ќе се бори за единаесеттата титула на Ролан Гарос, во пресрет на финалето најде време да го искаже и ставот околу еднаквоста во наградните фондови на тениските турнири.
Надал изненадувачки искрено, без вообичената политичка коректност околу ова прашање, најотворено вели дека паричните награди не треба да бидат израмнети. Дури има и пластичен пример.
„Мислам дека воопшто и не вреди овие работи да се споредуваат. Манекенките заработуваат многу повеќе од мажите модели. И никој не се буни за тоа. И логично е, манекенките имаат повеќе публика. Така треба да е и кај нас. Кој има повеќе гледачи, треба да заработува повеќе“ – вели шпанскиот тенисер.
Сепак, во светот на тенисот, се повеќе се инсистира на еднаквост во наградните фондови. На сите четири гренслем турнири, тенисерите и тенисрките добиваат еднакви парични награди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА