Надал лесно до третото коло на Ролан Гарос

Вториот носител Рафаел Надал на лесен начин се пласираше во третото коло на гранслем турнирот Ролан Гарос. Шпанскиот тенисер го совлада анонимниот Германец Јаник Маден со 3-0 во сетови. Во првиот сет му дозволи еден гем, во вториот два, а Маден најголем отпор даде во третиот сет, 6-4.

Гркот Стефанос Циципас славеше со 3-1 во сетови против боливискиот тенисер Хуго Делиен, а Давид Гофан беше супериорен и победи со 3-0 во сетови во мечот со Миомир Кецмановиќ.

Кај дамите, Гарбине Мугуруза победи со 2-0 против Швеѓанката Јоана Ларсон, а успешен настап имаше и Слоун Стивенс која со 6-1, 7-6 ја совлада шпанската тенисерка Сара Сорибес Тормо.

Се вчитува...