Надал лесно преку Димитров, ќе го брани трофејот во Монако

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ја оправда фаворитската улога во полуфиналето на турнирот во Монако, совладувајќи го Григор Димитров со 2-0 во сетови (6-4, 6-1). Во финалниот меч Надал го очекува подобриот од дуелот меѓу Кеи Нишикори и Александер Зверев.

На терените на земјена подлога Надал е фантастичен, а во Монако ќе ја брани титулата освоена лани. Димитров немаше речиси никакви шанси против Шпанецот. Првиот сет сепак беше интересен, но Надал го скрши отпорот на Димитров. Бугаринот потоа не успеа да влезе во ритам ниту во вториот сет, кој Надал го доби лесно и убедливо со 6-1, за конечен триумф.

Се вчитува...