Надал: Малку е ладно за тенис, зар не?

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал зажали за временските услови по пласманот во полуфиналето на Ролан Гарос. Надал го совлада Италијанецот Јаник Синер со 3-0 (7-6, 6-4 и 6-1). Сепак, тој се пожали бидејќи неговиот меч почна во 22:30, а траеше некаде до еден часот по полноќ.

„Секако дека не е убаво да се заврши меч во 1:30 по полноќ. Но, најголем проблем е времето. Премногу е ладно за играње во октомври по полноќ. Знам дека фудбалерите играат во вакви услови, но тоа е поинаку. Тие се цело време во движење. Ние стоиме, се враќаме, па малку на пауза. Ова е спорт во кој има многу паузи. Мислам дека е малку опасно да се игра во вакви услови“, изјави Надал. 

Шпанецот во полуфиналето на Ролан Гарос ќе се сретне со Диего Шварцман, тенисер од кој беше елиминиран на Мастерсот во Рим.

Се вчитува...