Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ги откри своите планови за денешниот слободен ден кој го има на Вимблдон откако вчера убедливо славеше против Весели и првпат од 2011 година стигна до четвртфиналето на турнирот.
„Ќе тренирам еден час, ќе имам и физиотерапевтски третман а потоа ќе гледам и фудбал на Светското првенство. Да, сигурно ќе го гледам полуфиналето меѓу Франција и Белгија“ – информира Надал, притоа надополнувајќи дека нема да ја пропушти да „чепка“ нешто и низ домот…
„Веројатно ќе се опуштам малку и со подготовка на ручек… Обожавам да готвам. Тоа ме смирува“.
Шпанецот е пресреќен што стигна до четвртфиналето на Вимблдон, каде немаше многу успех минатите години.
„Ова четвртфинале тука ми е многу важно. Долго не сум бил во оваа позиција. Не зборуваме сега за пласман во финале или освојување на турнирот. Зборуваме за мене во четвртфинале. Тоа е секако позитивен резултат“ – вели Надал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА