Рафаел Надал лесно обезбеди пласман во следната рунда на Ролан Гарос откако во три сета со 6-2, 6-1, 6-1 славеше против Гвидо Пеља.
На десекратниот шампион на парискиот турнир му беа потребни два часа и две минути за триумф и место во следното коло во кое противник ќе му биде Ришар Гаске.
Шпанецот имаше проблеми само во воведниот гем кога Пеља неуспеа да искористи три брејк топки. Аргентинецот добро се држеше во првиот сет, но само до шестиот гем, а потоа следуваше големата серија на Надал. Шпанецот доби девет гема по ред. Во вториот сет поведе со 5-0 и на крај го заврши со 6-1, а идентичен беше и резултатот на крајот од третиот гем.
Рафаел Надал е апсолутен фаворит и во следниот дуел против Гаске со кој има максимални 15 победи во нивните меѓусебни дуели. Французинот во второто коло го победи Тунижанецот Малек Џазири со 3-1 (6-2, 3-6, 6-3, 6-0)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА