Новак Ѓоковиќ на „Слемот на шесте кралеви“ во Саудиска Арабија стави крај на ривалството со Рафаел Надал одигрувајќи го последниот меч меѓу едни од најдобрите тенисери во историјата на овој спорт.
Ѓоковиќ победи, но она што ја одбележа средбата сигурно се емотивните сцени по мечот по кои на крај српскиот тенисер се огласи и преку социјалните мрежи.
На објавата на Новак и Надал, преку социјалните мрежи му се заблагодари на Ѓоковиќ на српски.
„Ти благодарам, Ноле“ – напиша Надал.
Претходно, и веднаш по натпреварот Надал не штедеше зборови пофалба за Новак Ѓоковиќ.
„Ти благодарам Новак за се, за тоа што го кажа денес за мене и за сите моменти кои ги делевме на терен. Секогаш ме тераше да одам преку својот лимит, еве веќе 15 години. Ти благодарам за се, без тебе веројатно не би бил играч каков што бев. Ти честитам на сите титули и ти посакувам се најдобро во иднина“ – рече Надал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА