Шпанскиoт тенисер Рафаел Надал смета дека уште многу им е рано на Јаник Синер и Карлос Алкараз да бидат споредувани со „Големата тројка“ – Федерер, Ѓоковиќ, Надал.
Во интервју за „ДАЗН“, Надал вели дека двајцата треба да се пуштат да градат свој единствен, сопствен пат, без било какви компарации.
„Треба да ги оставиме да создадат свое сопствено ривалство, и своја приказна. Нема потреба да се споредуваат со нас“ – вели Надал.
А, знае и кога треба да се споредат со него, Роџер и со Новак.
„Ајде да видиме како ќе биде на крајот од нивните кариери. Тоа ќе биде момент да се споредува што направиле во однос на нас. Сега е уште многу рано“ – истакнува Надал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА