Рафаел Надал застана во одбрана на Јаник Синер кога се во прашање неговите два позитивни теста и целиот допинг скандал.
Синер бил позитивен на два теста, но на крајот успеа да се спаси од суспензија, а целата вина премина на неговиот физиотерапевт.
„Го познавам Јаник и убеден сум дека тој не направил ништо за намерно да се допингува. Убеден сум дека Јаник не беше суспендиран бидејќи луѓето што одлучуваа за овој случај јасно видоа дека тој не направил ништо зошто треба да биде казнет“, изјави Надал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА