Надал не заминува во пензија: Не сакам да брзам за мојата одлука

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал и во иднина ќе го гледаме на тениските терени откако ја одложи одлуката да замине во пензија со изјава за шпанска „Марка“ пред почетокот на средбата помеѓу Мајорка и Реал Марид.

Легендарниот тенисер по поразот од Новак Ѓоковиќ на Летните олимписки игри во Париз откри дека наскоро ќе донесе одлука дали ќе замине во пензија, а две недели подоцна соопшти дека нема да брза со ставањето крај на големата кариера.

„Не сакам да брзам за мојата одлука“, кратко изјавил Надал.

Од Надал се очекува да настапи на Лејвер купот, а дали тој ќе тргне по стапките на Роџер Федерер и овој настап ќе биде последен во неговата кариера останува да видиме.

Се вчитува...