Бразилецот Нејмар денеска потенцираше дека не планира ова лето да го напушти ПСЖ, и наспроти бројните шпекулации за негова преселба во Мадрид.
Но, околу таквите коментира, се огласи и Рафаел Надал, најдобриот светски тенисер, кој е во дилема дали го сака или не Нејмар во Реал.
„Не знам дали го сакам Нејмар во Реал Мадрид, зависи… Знам дека е одличен играч, но знам и дека во прашање се многу пари. Сакам големи играчи да ги гледам во Мадрид, но не по секоја цена“ – вели големиот навивач на „кралскиот клуб“.
Инаку, долго кружеа гласините дека Надал има клучно влијание за доаѓањето на Марко Асенсио во Реал во 2016 година.
„Не, не сакам да примам заслуги за тоа… Јас само ги споив двете страни, а потоа ти си се договараа“ – вели Надал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА