Надал: Нема да брзам со одлуката дали да продолжам да играм тенис..

Рафаел Надал веќе најави дека оваа 2024 година ќе му биде последна во кариерата, а Шпанецот не криеше дека сонува тоа да го круниса со олимписки медал. Таа мисија не беше остварена откако Рафа најпрвин загуби од Новак Ѓоковиќ во сингл, а синоќа заедно со Карлос Алкараз беше поразен и во дубл од Американците Рам и Крајичек.

Главно прашање по тој пораз беше дали Надал планира да продолжи со играњето тенис, но легендата одби да даде конкретен одговор.

„Последните месеци беа многу емотивни за мене бидејќи повторно игра тенис, истовремено и тешки бидејќи имав компликувани моменти. Имав прекрасни работи, но и разочарувања… знаев дека во сингл не можам до медал, но се надевав на поголем успех во дубл. Игравме навистина добро со Алкараз, но решаваа детали, се покажа дека она што го сторивме не е доволно. Што е следно? Искрено, не знам.. треба прво да одморам, па да анализирам и да видам како се чувствувам. Јас сум смирена личност, потребно ми е повеќе време за да решам дали да продолжам да играм тенис“, изјави Рафаел Надал.

Се вчитува...