Рафаел Надал е во пензија веќе 136 дена. Тој го закачи својот рекет по поразот од Ботик ван де Зандшулп во Дејвис купот во Малага во ноември.
Можноста да се разговара со еден од тројцата најдобри тенисери на сите времиња беше неговата посета на Мадрид, по повод предавање за спортот и здравјето. На прашањето на еден од присутните „како се чувствува после тенисот?“, тој одговори.
„Немам земено рекет во рака во 2025 година. Го изгубив натпреварувачкиот инстинкт и тоа ме прави лут. Играм голф, но не сум толку фокусиран. Не разбирам играње без причина, освен да го одржуваш телото во добра форма. Во текот на мојата тениска кариера секогаш бев повеќе натпреварувач отколку победник. Отсекогаш повеќе ми се допаѓало да се натпреварувам отколку да победувам. После толку години, кога ќе се пензионираш, доаѓа период кога телото и главата застануваат. Но, во последните неколку недели веќе се чувствувам посконцентриран. Не ми падна пензијата лошо, добро се снаоѓам“, изјави Надал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА