Надал: Неверојатен сон кој трае 14 години

Неприкосновениот „крал на земјените терени“, Рафаел Надал еуфорично ја прослави 12. титула на Ролан Гарос. И за овој трофеј се радуваше како за првиот во моментите кога го доби завршниот поен во финалната пресметка против Доминик Тим. Тој е првиот тенисер кој освоил 12 титули на еден грен-слем.

„Нема објаснување за ова што го постигнав и за тоа како се чувствувам во моментов. Ова е сон. Овде играв првпат во 2005 година. Никогаш не мислев дека ќе бидам тука и во 2019 година и тоа со титула. Ова е неверојатен момент за мене“ – изјави Надал откако го крена скапоцениот пехар.

За Надал ова е 18. грен-слем титула, трета последовна на француската земја. Тој има два трофеи помалку од најголемите турнири од Роџер Федерер кого го победи во полуфиналето годинава и три титули повеќе од првиот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ.

 

 

Се вчитува...