Надал: Ноле ти благодарам за се!

Рафаел Надал го одигра својот последен меч против Новак Ѓоковиќ, можеби последниот сингл меч во кариерата на „Слемот на шесте кралеви“ во Ријад каде загуби со 2-0 (6-2 и 7-6).

По мечот тој имаше емотивно обраќање во кое му се обрати на еден од двајцата најголеми ривали.

„Ти благодарам за се Новак, за се што кажа и за сите моменти кои ги споделивме на теренот. На личен план, морам да признаам дека ме држевте над границата со Роџер повеќе од 15 години. Без тоа, сигурно не би бил играчот каков што сум денеска. Ти честитам на сите титули и се надевам дека ќе освоиш повеќе во иднина“, изјави Надал.

Се вчитува...