Надал: Останав во врвот и покрај големите проблеми

Вториот тенисер на светот, Рафаел Надал вели дека и покрај сите проблеми кои ги имал во кариерата тој секогаш наоѓал начин да остане во врвот.

„Не сум подобар од порано. Денеска сум таков, каков сум. Имам добра сезона. Конкурентен сум на сите турнири кои ги играм. Имав физички проблеми во првите четири месеци, но играм константно и сум среќен. Некои работи ги изгубив со текот на годините, а некои нови додавав како би можел да останам на врвно ниво. Среќен сум бидејќи и покрај големите проблеми успеав да останам на врвот“, вели Надал. 

Надал сезонава на 11 турнири на кои настапи, на девет од нив успеа да се пласира меѓу четирите најдобри.

Се вчитува...