Надал откри кој му беше најтежок ривал во кариерата

Рафаел Надал го избра најтешкиот ривал во кариерата.

Во потесниот избор се најдоаРоџер Федерер и Новак Ѓоковиќ, со кои водеше многу големи битки. Сепак, тој мораше да каже само едно име.

„Одиграв најмногу натпревари против Новак Ѓоковиќ, но мојот најтежок ривал е Роџер Федерер. Кога влегов на турнејата, Роџер веќе беше таму, подоцна дојде Новак. Нашите различни стилови и пристап кон тенисот го направија Роџер поголем ривал за мене“, изјави Надал.

Се вчитува...