Рафаел Надал не го криеше разочарувањето по очајното издание во полуфиналето од Мастерс-турнирот во Монте Карло, во кое Шпанецот апсолутно заслужено загуби од Фабио Фоњини.
„Нема изговор, се што можеше да тргне на лошо, тргна, но самиот сум си виновен. Заслужив да загубам бидејќи противникот денеска беше подобар, овој меч беше можеби најслабиот што сум го одиграл на земјена подлога во последните 14 години. Кога ќе се игра толку лошо, поразот е неизбежен“ – истакна Надал.
Фоњини им се приклучи на Гаудио и на Тим како тенисери кои три пати во кариерата го победиле Надал на земјена подлога. На врвот на оваа листа е Новак Ѓоковиќ, кој досега седум пати го зел скалпот на Шпанецот на неговата омилена подлога за играње.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА