Третиот тенисер на светот, Милош Раониќ се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот во Бризбејн со победата над Рафаел Надал во три сета.
Раониќ, кој ја брани титулата во Австралија, лошо го почна мечот губејќи го првиот сет со 4-6, но потоа ги доби следните два со 6-3,6-4 за конечен триумф.
За Раониќ, момчето кое е родено во Подгорица, ова е само втора победа во осмиот меч со Надал. Раониќ во битката за финалето ќе се сретне со бугарскиот тенисер Григор Димитров кој во три сета го елиминираше Доминик Тим.
Во второто полуфинале, како што е познато, ќе играат Станислас Вавринка и Кеи Нишикори.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА