Жо-Вилфред Цонга знаел низ кариерата да му создава многу главоболки на Рафаел Надал, но францускиот ас беше немоќен во денешната пресметка со шпанскиот великан во рамките од третото коло од Вимблдон.
Нивниот меѓусебен дуел мина во целосна доминација на Надал, кој триумфираше неочекувано лесно и убедливо, препуштајќи му на Цонга само седум гејма (6-2, 6-3, 6-2). За надмоќта на Шпанецот најдобра потврда е фактот дека Цонга во текот на целиот меч немаше ниту една брејк-шанса (5/11 на Рафа), како и двојно повеќе винер-удари (34-17) во корист на Надал.
Следен ривал на Надал ќе биде победникот од дуелот меѓу Еванс и Соуса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА